Мајкл Рендер, попознат како Убиецот Мајк, беше уапсен по доделувањето на Греми наградите. Полицијата со лисици на рацете го извадила раперот од салата во која се доделувала наградата, а видеото од апсењето се прошири на интернет.
Портпаролот на полицијата, полицаецот Мајк Лопез изјави дека раперот бил уапсен по расправија внатре во местото. ТМЗ пишува дека раперот соборил чувар кој работел на обезбедување на Греми. Сега убиецот Мајк проговори за се, пренесе Стандард лајф.
Судењето е закажано за крајот на месецот
„Сакам да напоменам дека синоќа мојот тим и јас добивме бројни повици од загрижени навивачи и колеги кои сакаа да знаат дали сум добро. Како што знаете, се случуваше многу. Имаше одредена конфузија околу тоа на која врата мојот тим и Јас треба да влезам.
Наидовме на преревносен чувар, но јас и мојот тим веруваме дека на крајот ќе бидеме ослободени од сите обвиненија. Дотогаш, продолжете да го слушате Мајкл и следете ги вашите соништа“, рече тој.
Breaking: Rapper Killer Mike has been taken away in handcuffs in https://t.co/aF2yiyTHol arena after winning 3 #Grammys during telecast (Best Rap Song and Best Rap Performance for “Scientists & Engineers,” Best Rap Album for Michael) “Free Mike” someone shouts as he walks past. pic.twitter.com/4epfmzqMt8
— Chris Gardner (@chrissgardner) February 5, 2024
Музичарот беше ослободен истата вечер, во 20:37 часот по локално време, а треба да се појави пред судот на 29 февруари во Лос Анџелес.