Расцеп во НАТО: Европјаните ја пуштија Украина низ вода, не и даваат оружје

од desk3
126 прегледи

Европските министри за одбрана се изјаснија против испораките на оружје на украинската армија, што е знак за потенцијален трансатлантски расцеп, ако САД одлучат да извршат такви резерви, објави Ројтерс.

САД размислуваат дали да испорачуваат оружје на Украина за нејзината борба против поддржаните од Русија сепаратисти, иако засега не е донесена одлука, објавија во понеделникот американски официјални претставници.

Украинскиот претседател Петро Порошенко повикува земјите од НАТО да испорачуваат оружје на неговата земја.

Голем број европски министри за одбрана на вчерашната средба на НАТО во Брисел се изјаснија против испораките на оружје за Украина, стравувајќи дека тоа може да го интензивира конфликтот.

“Повеќе оружје во овој регион нема да не доближи до решение и нема да стават крај на страдањата на населението”, изјави германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен.
“Треба да дадеме силен притисок на сепаратистите и Русија со економски и политички средства, за да се најде решение на масата (за преговори), а не на бојното поле, бидејќи негување на потенцијална ескалација не е добро решение”, истакна таа.

Холандската министерка за одбрана Јеанине Хенис-Пласхарт изрази убеденост дека повеќето сојузници во НАТО “, но особено Холандија, ќе инсистираат на несмртоносна поддршка за Украина.

Политичкиот дијалог е единствениот начин да се излезе од кризата “, рече таа.

Италијанската министерка за одбрана Роберта Пино изјави дека Рим е против испораките на смртоносни оружја на Украина.

“Треба да го намалиме степенот на кризата, а не да го зголемиме”, рече таа.

Британскиот министер за одбрана Мајкл Фалн изјави дека Лондон “ќе види што повеќе можем да направи во однос на обуката и несмртоносна опрема”.

Литванскиот министер за одбрана Јуозас Олекас изјави дека неговата земја ја поддржува Украина со “некои елементи” за украинските војници кои ги побарал претседателот Порошенко, но одби да даде детали.

Министерот за одбрана на САД Чак Хејгл одби да коментира дали ја поддржува идејата да се снабдува со одбранбено вооружување Украина, но изјави: “Не смееме да заборавиме што рече претседателот Обама, што рекоа лидери на европски нации – овој проблем нема да се реши со воени средства . ”

Командантот на силите на НАТО во Европа, американскиот генерал Филип Бридлав изјави дека руските испораки на тешко оружје и помош за бунтовниците во источна Украина раѓа “голема загриженост” и дека Украинците имаат право да се бранат.
Тој, сепак, истакна денеска дека ситуацијата во Украина не може да се реши по воен пат и дека секакви дејствија на западните земји треба да имаат за цел “услови сите засегнати страни да седнат на маса” за преговори за решавање на проблемот.
“Оружјето нема да го промени тоа”, изјави шефот на силите на НАТО во Европа.

Бридлав одби да коментира дали тој самиот поддржува испораки на одбранбено смртоносно оружје на Украина, како што соопштија некои медиуми.

“Дадов совети како на американската вструктура на команда, така и на НАТО структурата на команда. Тие ги земаат моите совети во предвид”, истакна тој и одби повеќе коментари.

Група поранешни американски официјални лица, вклучувајќи високи дипломатски и воени претставници на САД во НАТО, неодамна предложија САД да испорача на Украина одбранбени смртоносни оружја како на пр. противтенковски проектили.