377
Расчистена е тешката кражба која на почетокот на декември беше извршена од банкомат, поставен во маркет во Гостивар, и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесена е кривична пријава против пет лица: М.А.(32) и Р.Р.(33) од скопско Долно Свиларе, Н.Р.(47) и А.Б.(36) од скопско Арачиново и против 24-годишната М.К. од Република Албанија.
Како што информира МВР, Н.Р. и А.Б. утринава се лишени од слобода, а Р. Р. издржува притвор за друго кривично дело.
Пријавените се сомничат дека со употреба на сила од банкомат одзеле 1,8 милиони денари.
Приведените со соодветен поднесок денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар