Расел Кроу го покажа имотот во Австралија: Дождот донесе живот

„Мојот имот пред една недела, откако беше уништен од огнот и денес наутро откако цел викенд врнеше дожд“, напиша актерот Расел Кроу на Фејсбук заедно со двете фотографии.

 

На фотографиите се гледа како изгледал неговиот имот за време на пожарите и по нив. Се гледа потполна транформација, од целосно запалената земја и шума, до прекрасниот зелен тревник кој почнал повторно да света откако врнело дожд.

My place 10 weeks ago after the fire had gone through, and this morning after a big weekend of rain.

Публикувахте от Russell Crowe в Неделя, 19 януари 2020 г.

Неговата инспиративна фотографија собрала преку 25 илјади лајкови и скоро 2.000 коментари.

Многумина му напишале дека му се благодарни на Бог за дождот и воодушевени се што Австралија почнала да се опоравува откако беше зафатена од огромна огнена стихија.

Како и многу други, така и Кроу цело време даваше поддршка за храбрите пожарникари кои се бореа со огнената стихија, па неговиот профил е полн со пораки и видеа кои ги покажуваат катасрофите.

Слични содржини