Холивудскиот актер Расел Кроу во средата објави дека ќе гради филмско студио на источниот брег на Австралија, пренесе „Хина“.
Добитникот на Оскар рече дека студиото ќе се гради во пристаништето Кофс, јужно од Бризбејн, на место на некогашно одморалиште.
Студиото и селото „Pacific Bay Resort“ „ќе бидат домаќини на големи меѓународни филмови и локални продукции“, изјави Кроу за телевизијата „ABC“.
Австралија стана популарна филмска дестинација за време на пандемијата на коронавирусот, благодарение на релативно ниските стапки на инфекции.
И државата ги охрабри режисерите да дојдат на нејзините сончеви брегови, давајќи им милиони долари стимулации.
Ќе има корист студиото „Марвел“ и нивниот хит „Thor: Love and Thunder“, Thirteen Lives на „МГМ“ и Blacklight со Лиам Нисон во главната улога.
Оваа година Џулија Робертс и Џорџ Клуни го снимаат и Ticket to Paradise во Северна Австралија, а продолжението на Mad Max Furiosa се планира да се снима на Сиднеј во 2022 година.