Расел Кроу се здебели до непрепознатливост

Познатиот холивудски актер се прослави со улогата на гладијатор во истоимениот филм, а во тоа време Расел Кроу го отелотвори мускулестиот римски генерал Максимус, но неговите последни фотографии се далеку од тие денови.

Австралиецот, на аеродромот во Сиднеј, се покажа во многу различно издание, помалку средовечно. За потребите на новата улога во трилерот „Unhinged“ актерот значително се здебелил, а за разлика од макотрпните тренинзи со кои се подготвувал за улогата Гладијатор, сега единствена задача му е да не вежба и да јаде што ќе посака.

Кроу, во филмот кој ќе го гледаме во 2020 година игра мањак кој прати жени, а со цел да биде поуверлив режисерот Дерик Борте од него побарал да го смени изгледот.

Се разбира, ваквите промени за Расел не се непознати, но сепак ова е една од порадикалните, а Кроу во ова издание многумина не би го познале на улица.

Слични содржини