Рашфорд: Погодувам пенали во сон, посакувам да беше поинаку

од Stefanija Kuzmanovska

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и Англија, Маркус Рашфорд е еден од тројцата играчи на „Трите лава“ кои не беа прецизни во серијата пенали во финалето на Европското првенство. Рашфорд, исто како и Џејдон Санчо и Букајо Сака, беше мета на расистички навреди на социјалните мрежи по поразот од Италија.

Рашфорд шутираше во долниот лев агол по долго трчање, но ја погоди стативата.

„Чувствувам дека ги изневерив сите. Мислам дека имав недостаток на самодоверба кога започнав да шутирам пенал. Се обидов да заштедам малку време со долг залет, но секако резултатот не беше тој што го посакував. Размислувам за тоа – поминаа 55 години. Еден пенал. Ги погодувам во сон. Зошто не успеав сега? Сè што можам да кажам е дека жалам – посакувам сè да беше поинаку. Ги поздравувам моите соиграчи и им благодарам за поддршката. Нашето братство е нераскинливо. Ова е наша заедничка работа“, објави Макус Рашфорд на социјалните мрежи.

Муралот во родниот град на Рашфорд, Авингтон беше вандализиран по неговиот неуспех во пенал рулетот, но потоа беше покриен од навивачите на Рашфорд со пораки за поддршка.

Таквото однесување го осуди англиската јавност, предводена од премиерот Борис Џонсон.

Слични содржини