Рашковски и понатаму под лупата на антикорупциска, ДКСК го проширува предметот

од Andreja Salpe
396 прегледи

Драги Рашковски и понатаму под лупата на антикорупциска. Антикорупциската комисија го проширила предметот за набавката на софтверот од страна на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Од ДКСК велат дека има и други сомнителни јавни набавки поврзани со овој случај, а сите докази и податоци кои ги поседуваат ќе ги достават и до Јавното обвинителство.

„Нашите наоди ги проширивме и на други јавни набавки не само за набавката на софтверското решение, на тие кои се поврзани со самиот предмет: камери, сталаци, подвижни кабини, има повеќе јавни набавки, со што износот на средствата кои се потрошени за тие договори е голем. Станува збор за околу 18 милиони денари, дополнително од тие 80 илјади евра – изјави Катица Николовска , член на ДКСК.

Слични содржини