Рашковски: Софтверот е технички исправен и предаден, со постапката беше запознаен и Заев

од Destan Jonuzi
280 прегледи

Правниот тим на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, од ноември пред Основниот кривичен суд ќе достави нови докази за случајот „Софтвери”, со кој како што нагласија на брифингот со новинарите се докажува дека целата постапка за набавка на софтверот за МВР е законска.

– Зборувам за докази, кои и вам ви се доставени, докази кој и на обвинителството и се доставени во делот на обвинителниот акт, но докази кои во јавноста се презентираат на еден сосема друг начин. Сведоци сте дека излегува тези дека не постојала одлука за набавка на предметниот софтвер. Како доказ ја имате самата одлука која е донесена во законска предвидена процедура и од законски предвиден орган за таа намена. Вториот документ кои ви беше преточен е записник од техничкиот прием, кој покажува дека софтверот кој е предмет на обвинителниот акт е технички исправен, предаден и комплетно исправен. Нема да бараме од никој да ни верува на збор, но имаме предложена комплетна реконструкција на целата функционалност на софтверското решение со тоа што ќе избереме една локација и една траса каде што ќе ја тестираме функсионалноста на самиот систем во живо, а медиумите имаат техничка можност тоа да го пренесуваат. Ви доставивме и листа на докази од страна на обвинителството каде што овие два документи се презентирани пред судот, изјави Рашковски, пренесува „Локално“.

Дека е софтверот предаден функционален, додаде тој, е и изјавата односно дописот доставен од страна на тогашниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири со кои што ја потврдува инсталацијата на таквите софтвери и го потврдува доставениот хардверски материјал.

– Со ова е потврдено дека таквата набавка е во целост реализирана. Она што недостасува односно ја прави ваквата постапка проблематична е тоа што тавиот доказ обвинителството го нема доставено во обвинителниот акт, а со тоа го нема доставено до судот, нагласи тој.

Тој исто така истакна дека за набавката на софтверот и целата постапка бил запознаен и тогашниот премиер на државата Зоран Заев.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”.

Д.Ј.

Слични содржини