„Расистичко и грубо“ однесување: Бјанка Ценсори испраќала вознемирувачки пораки до поранешен вработен

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Бјанка Ценсори, сопругата на Канје Вест, е обвинета дека испраќала вознемирувачки и непримерни пораки до поранешен вработен во Yeezy.

Архитектката покажала „расистичко и грубо“ однесување за време на нејзината работа во компанијата за облека на Вест, слично на она што нејзиниот сопруг го прикажа на социјалните мрежи пред неколку дена.

Пјер-Луј Овреј работел како дизајнер во Yeezy од 2019 до 2021 година и тврди дека Ценсори преку нејзини пораки баралa од него да создава несоодветни слики. Вели дека преку пораки му праќала „графичка порнографија“.

„Беше бизарно, но во тоа време не знаев што да правам“, рече тој.

Поранешниот вработен изјавил дека работел во токсична средина и тврди дека Канје фаворизирал одредени вработени и отпуштал и вработувал луѓе без валидна причина.

Дополнително, Пјер-Луj се присети на моментот кога тој и Канје возеле до SpaceX, компанијата основана од Илон Маск. Тогаш Вест наводно почнал да пее за „луѓето кои загинаа на концертот на Тревис Скот „Астроворлд“.

„Тој ме гледаше и очекуваше да почнам да се смеам. Тогаш првпат сфатив дека е ужасен“, вели тој.

Овреј рече дека Вест често ги напаѓал Евреите и неколку пати им кажал на своите вработени за Пит Дејвидсон, поранешното момче на неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан. Вест им кажал на вработените дека Дејвидсон има СИДА, што комичарот го негираше. Пјер, исто така, потсети дека поранешниот менаџер на раперот Лоренс Чендлер еднаш му рекол да направи маици со зборовите „Пит Дејвидсон има СИДА“, „Пит Дејвидсон ги мрази црнците“ и „Пит Дејвидсон уништува семејства“, се за дополнително да ја влоши нивната јавна расправија.

„Морав да се расправам затоа што не сакав да го направам тоа. Но, бев притиснат од пет луѓе во групен разговор, вклучувајќи ја и Бјанка“, рече тој.

Овреј рече дека ги изнел овие наводи бидејќи не потпишал договор за доверливост и сакал да го разоткрие однесувањето и опкружувањето налик култ во компанијата Yeezy. Тој рече дека во 2021 година, околу Денот на благодарноста, ненадејно бил отпуштен, а Вест ја отпуштил и Бјанка и некои други вработени. Ова е причината зошто Цензори наводно се свртела против Вест и рекла дека ќе го уништи.

Иако Бјанка беше отпуштена и го изрази своето незадоволство, таа се омажи за Вест една година подоцна. Оттогаш парот предизвика бројни скандали, а еден од последните е нивното појавување на црвениот тепих на доделувањето на Греми наградите. Бјанка тогаш пристигна во проѕирен фустан без ништо одоздола, а парот на крајот беше исфрлен од салата. Набргу по доделувањето на Греми, Канје објави голем број непримерни, расистички и антисемитски коментари на социјалните мрежи, а се појавија гласини за нивен развод. Сепак, нивниот претставник го демантираше истото.

Пјер-Луј не е првиот поранешен вработен кој ја обвинил Ценсори за несоодветно однесување. Во јуни 2024 година, таа беше обвинета дека испраќала експлицитен материјал до вработените кои работеле во бизнисот со филмови за возрасни на Канје. Меѓу овие вработени имало и малолетни лица, како што тврди поранешен вработен.

Слични содржини