Меган Фокс и Машин Ган Кели неодамна објавија дека го очекуваат своето прво заедничко дете. Фокс ја објави веста за бременоста на Инстаграм, што беше нејзина прва објава откако ги избриша сите фотографии и извесно време не беше присутна на социјалните мрежи.
Одлуката да се повлече од јавноста придонесе и тоа што таа и Кели претходно изгубија бебе, а потоа се чинеше дека конечно сè си дојде на свое место.
Сепак, како што наведува „TMZ“, Меган и Mашин Ган решиле да ја прекинат својата врска.
Како што се наведува, сето тоа се случило додека биле заедно во Вејл, Колорадо за време на празникот Денот на благодарноста. Таму Меган наводно нашла вознемирувачки материјал во телефонот на нејзиното момче и изразила желба тој предвреме да го напушти патувањето.
Тој си заминал и двајцата оттогаш немале контакт, иако официјално не се изјасниле за наводите за раскинување.
Нивното дете треба да дојде на овој свет во месец март, а Фокс веќе има три деца со Брајан Остин Грин.
Потсетуваме, ова не е прв пат Фокс и Кели да раскинат, но досега секогаш успевале да најдат заеднички јазик и да и дадат нова шанса на својата љубов.