Раскинаа Сем Смит и Кристиан Кован

од Stefanija Kuzmanovska
265 прегледи

Пејачот Сем Смит раскина со момчето Кристиан Кован по една година врска.

Како што наведе Daily Mail, поп-ѕвездата повеќе не е во врска и се вратила на апликацијата за запознавање со познати личности за да најде нов партнер.

„Сем и Кристиан одлучија да ја прекинат врската пред Божиќ. Тие се уште се пријатели и ќе продолжат да се поддржуваат еден со друг во нивните кариери, но засега се разделија. Сем повторно се пријави на апликација за запознавање и веќе запознава нови луѓе. Новата година е и нов почеток за нив“, изјавил извор за британските медиуми.

Сем и Кристиан последен пат беа фотографирани заедно на 14 декември на забава во Њујорк. Пејачот првпат беше поврзан со модниот дизајнер Кристиан, кој е четири години помлад од него, во јануари 2023 година и оттогаш се забележани заедно во Лондон, Њујорк и Париз.

Тоа беше неговата прва јавна врска по раскинувањето со актерот Брендон Флин во 2019 година.

Слични содржини