Расколот меѓу членовите на кралското семејство станува сè подлабок

од Vladimir Zorba
406 прегледи

Расколот меѓу членовите на кралското семејство станува сè подлабок. Иако се веруваше дека по смртта на принцот Филип, ситуацијата ќе се смири барем малку, тензиите стануваат се посилни.

По интервјуто кое принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл и го дадоа на Опра Винфри, следуваше уште еден шок. Со истиот водител, принцот сега ја лансираше серијата „The Me You Can Not See“. Во истото, тој ги допре мрачните денови што ги доживеала Меган, а се осврна и на неговиот татко принцот Чарлс, што длабоко го вознемири кралското семејство.

Коментарите на принцот Хари за неговиот татко и сугестиите дека принцот Чарлс не знае ништо подобро поради тоа како е израснат и како живее, ја загрижија кралицата. Како што истакна извор близок до семејството за „Дејли Меил“, бабата на принцот сето тоа го сфатила многу лично и била многу вознемирена од зборовите на Хари.

„Чарлс сигурно ќе реагира. Ако Хари ја нападне кралицата, може се да се случи. Чарлс може да стори апсолутно сè, а и да го остави Хари на улица“, рекол изворот, нагласувајќи колку е лут и разочаран Чарлс.

Зборовите за кои светот бучи повторно се оние кога Хари истакна дека не е фер што Вилијам и тој страдале само затоа што Чарлс страдал во помладите денови.

„Тој ни рече во една прилика: Така беше за мене, така ќе биде и за тебе. Едноставно не сакам да го прифатам тоа. Иако ми требаше многу време да го разберам тоа, време е за промена“, рече Хари во новото интервју.

Слични содржини