Распад на кабинетот на Џонсон: Уште двајца министри денеска поднесоа оставки

од Stefanija Kuzmanovska
274 прегледи

Уште две оставки ја потресоа владата на британскиот премиер Борис Џонсон. По министрите за здравство и за финансии, оставки поднесоа и потсекретарот во Министерството за образование Вил Квинс и советничката во Министерството за транспорт Лора Трот.

Инаку, последните оставки беа поднесени на денот кога Борис Џонсон ќе се соочи со прашања од пратениците.

Да потсетиме, британските министри за здравство и финансии Саџид Џавид и Риши Сунак во вторникот поднесоа оставки на само 10 минути разлика.

Министрите поднесоа оставки, веднаш откако британскиот премиер се извини за назначувањето на пратеникот Крис Пинчер за заменик-претседател на пратеничката група на ториевците, обвинет за сексуално недолично однесување.

Квинс, кој беше задолжен за грижа за децата и семејството, објави дека со „голема тага и жалење чувствува дека нема друг избор освен да поднесе оставка“.

Тој исто така тврдеше дека Даунинг стрит му дал неточни извештаи кога бил испратен на повеќе интервјуа во понеделникот наутро.