Расправата за предметот „Тендери“ одложена за на 12 април

од Andreja Salpe
341 прегледи

Расправата за случајот „Тендери“ е одложена за на 12 Април, поради, како што информираат од кривичниот суд, изолација на еден од обвинетите.

-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 64/17 од обвинителството означен како „Тендери“, ја информираме јавноста дека расправата насрочена за денеска се одлага заради изолација по добиен позитивен Ковид – тест на еден од обвинетите. Следниот термин за продолжување на главната расправа е на 12.04.2021 година за што веќе се известени странките во постапката, а за евентуални нови промени јавноста ќе биде благовремено информирана, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Слични содржини