Расправија во Љубош завршила со употреба на огнено оружје

од Берта Китинска
293 прегледи

Пред старата Градска болница денеска беше предизвикан вистински метеж.

Болницата беше обезбедуваа од голем број на полициски службеници.Имено две лица се потешко повредени при престрелка во село Љубош, Батинци.

– Денеска во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во с.Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје.Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Чеитите лица се обезбедени, како и нивните возиола и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, сопштија од МВР.

Престрелката се случила пред деловен објект, по расправија која избувнала меѓу четири лица, членови на две различни семејства, сите од Батинци.

Слични содржини