Распродадени ракавиците какви што носеше Берни Сандерс на инаугурацијата

од Stefanija Kuzmanovska
449 прегледи

Сите ракавици какви што носеше сенаторот Берни Сандерс на инаугурацијата на претседателот Џо Бајден беа распродадени, изјави наставничката од Вермонт која ги изработи.

Таа изјави дека добила многу барања од луѓе кои сакаат да купат исти плетени нараквици, но дека ги нема повеќе, пренесува Си-Ен-Ен.

„Ви благодарам за целиот интерес за ракавиците на Берни“, напиша Џен Елис на Твитер, додавајќи дека ѝ ласка што Сандерс ги носеше на инаугурацијата.

Таа за време на кампањата пред неколку години му ги поклонила ракавиците на Сандерс, но, како што рече, не очекувала да ги носи во свечени прилики како што е инаугурацијата на претседателот.

Сликата од инаугурацијата на која Сандерс со вкрстени раце во плетени ракавици стана многу популарна на Интернет.

Слични содржини