Распродажби на крипто-пазарите, повеќето валути во црвено

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Пазарот на криптовалути и денес е во надолен тренд, а во изминатите 24 часа загуби околу 3,1 отсто од својата пазарна капитализација, која сега изнесува 2,69 трилиони долари.

Биткоинот, најпознатата криптовалута во светот, утрово е и во „црвено“. Во последните 24 часа изгуби 3% од вредноста, а според податоците на веб-страницата „Коингеко“ моментално се тргува по цена од 57.375 долари.

Во изминатата недела оваа криптовалута загуби 12,6 отсто од својата вредност.

Етреумот забележа поостар пад од 3,8 отсто во последните 24 часа, а поблаг пад од 9,8 отсто во неделата.

Оваа валута моментално се тргува по 4.197 долари.

Слични содржини