Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0.2 % во однос на претходниот месец, објави Државниот завод за статистика.
Во однос на истиот месец од претходната година, цените на угостителските услуги во јануари 2026 година сe зголемени за 3.4 %. Цените на угостителските услуги 2025 година, во однос на 2024 година, се зголемени за 4.8 %.
Цените во угостителството, по групи, во јануари 2026 година во однос на декември 2025 година, се зголемени за:
* 0.3 % кај Храна
* 0.2 % кај Алкохолни пијалаци
Во групите Безалкохолни пијалаци и Ноќевања не се забележани промени на цените.