На крајот на октомври 2025 година, официјалните девизни резерви на државата изнесуваат 4.843,2 милиона евра, што претставува зголемување од 120,5 милиони евра во однос на септември, покажуваат податоците на Народната банка.
На крајот на септември, официјалните девизни резерви на земјава изнесувале 4.722,7 милиони евра.
Според структурата, најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност, кои учествуваат со 71,1 проценти од вкупната сума. Монетарното злато сочинува 15,9 проценти, додека валутите и депозитите учествуваат со 13 проценти.