Раперот Стефан Ѓуриќ Раста е осуден на една година домашен притвор, дознава Нова.рс.
Според договорот што беше потврден денес во Првиот основен суд во Белград со обвинителството, Раста беше осуден на една година домашен притвор.
Оваа информација ја потврди неговиот адвокат Вук Туфегџиќ.
Ѓуриќ се појави на рочиштето петнаесетина минути пред закажаниот термин и беше придружуван од неговиот адвокат. Според законот, јавноста беше исклучена од ова рочиште, па затоа присуството на новинари не беше можно.
„Само што е завршен, договорот е прифатен од судот. Тоа значи дека постапката е завршена, тој доби куќен притвор, кога ќе помине некое време, тој ќе биде испратен да го издржува тој куќен затвор“, изјави за Нова.рс, адвокатот на Раста.
Рочиштето се одржа пред судија на претходна постапка, а Ѓуриќ и Лука Б. беа осудени со казните што претходно ги договорија со обвинителот.