Денеска ќе се разгледува главното барање на ВМРО-ДПМНЕ – пописот да се одвива преку отпечаток на прст.
Законот ќе попишува три категории на граѓани, едната е вкупно граѓаните, вториот дел се однесува на граѓани резиденти-сите граѓани кои живеат во државата или не се иселени повеќе од една година и трета категорија на граѓани кои се попишуваат,а се иселени повеќе од една година, изјави премиерот Зоран Заев.
Премиерот изјави дека се прават напори предлозите на опозицијата што се однесуваат на Законот за попис да бидат прифатени, посочувајќи дека опозициските партии во овој процес биле вклучени повеќе од една година и половина.
„Јас не знам како ќе дадат отпечаток од прст граѓаните што се иселени повеќе од една година, ама правиме напори, ако треба, да се снајдеме и за терминали за отпечатоци“, изјави премиерот.
Алијанса на Албанците и Алтернатива е за пролонгирање на рокот
Од Алијанса на Албанците и Алтернатива сметаат дека треба да се пролонгира рокот за завршување на пописот и тој да биде на 30 април.
Бараат, исто така, Државниот завод за статистика да не ја води оваа операција туку аа биде формирана службена државна пописна комисија формирана од Владата, која ќе го надгледува пописот, бидејќи, како што кажа немаат доверба во институцијата која од девет раководни места, нема ниту еден Албанец.Мицкоски: Бараме попис со отисок.
ВМРО-ДПМНЕ бара попис со отисок
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Прашањето ми е следно“ на порталот Инфомакс истака дена ВМРО-ДПМНЕ бара попис со отисок, кој ќе даде реална статистика, а е можен затоа што со истиот механизам треба да има локални избори, и не е јасно зошто не се набави порано.
– Ние предлагаме да има терминали за отисок на прст. Имаме закон во кој што следните локални избори мора да набавиме терминали каде граѓаните наместо она прскање спреј, ќе дојдат и ќе го стават показалецот на тој терминал и врз основа на тој отисок на прст, практично ние ќе знаеме дали тој граѓанин е тука или не. Ако не е тука за пописот кога двајцата попишувачи ќе го посетат дома, тогаш ќе има можност да појде во рамките на општината и таму да се попише. Од тоа нема порелевантен показател, истакна Мицкоски.
Земањето на отисок е криминалистичка постапка
Јас сум единствено согласна со ставот дека попис мора да има, но не сум согласна дека отисоците од прсти се релевантен метод за спроведување на пописот, изјави во Утрински брифинг проф. д-р Фросина Ременски.
-Многу бргу се влета во дебата за предлог кој не е проучен и изанализиран. Но и позицијита и опозицијата не го исклучуваат како можност земањето отисоци од прст заради идентифдиација на граѓаните при спорведување на пописот.Освен дебатата дали е навремено дали навката може да се спроведе Јас сум единствено согласна со ставот дека попис мора да има, но не сум согласна дека отисоците од прсти се релевантен метод за спроведување на пописот и тоа од неколку причини, едно од нив е земањето на отисок од прст е криминалистичка постапка, вели Ременски.
СДСМ уверува попис ќе има
ОД СДСМ уверуваат – попис ќе има и тој не смее и нема да зависи од волјата на политичките партии и лидери.
-На пописот граѓаните не се изјаснуваат за партиската припадност, па да стравува дека и на пописот ќе изгуби.Ниту пак, пописот е гласање на недоверба на лидерот на ВМРО ДПМНЕ за Мицкоски уште повеќе да стравува.Мицкоски треба да знае, дека пописот е статистичка операција и оваа негова опструкција ќе биде поразена, зошто пописот не смее да зависи од волјата на политичките партии и лидери.Тоа беше концепт на ВМРО ДПМНЕ, во 2011 поради што и пропадна пописот, а со него и милиони евра на граѓаните, велат од СДСМ.
Во Македонија последниот попис се одржа во 2020, пред 18 години. Законот за попис е во собраниска процедура, а се очекува пописот да се спроведе во април следната година.