Растат тензиите на Блискиот исток! Дали Иран уште денеска ќе го нападне Израел?

од Илинка Илиоска
71 прегледи

Заменик-советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Фајнер, вчера изјави дека Америка се подготвува за сите сценарија додека се обидуваат да одговорат на можни напади врз Израел и се обидуваат да избегнат регионална војна на Блискиот Исток.

„Целта е да се намали температурата во регионот, да се одврати и да се одбрани од тие напади и да се избегне регионален конфликт, што е наша цел, навистина, од 7 октомври“, изјави Фајнер за CBS, пренесе Политико.

Според него, ова е моментот што се чини дека претставува зголемена закана.

Хамас го нападна Израел на 7 октомври и Израел одговори со инвазија на Газа.

Блискиот исток останува најнестабилниот регион во светот.

Војната меѓу Израел и Хамас продолжува, а сите напори за постигнување траен прекин на огнот преземени од администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден и други официјални лица останаа неплодни, пренесува Танјуг.

 

Слични содржини