Расте бројот на нови случаи во Црна Гора: Властите најавуваат построги мерки

од Берта Китинска
221 прегледи

Здравствените власти на Црна Гора ќе предложат поостри мерки откако во вторникот беа регистрирани 65 нови случаи на коронавирус, најмногу за еден ден во последните два месеци.

Поради падот на бројот на пациенти, земјата скоро целосно ги укина сите епидемиолошки мерки, освен за концерти, ноќни клубови и други масовни собири, потребно е да се покаже потврда за вакцинација или негативен тест за ПЦР, пишува ХИНА.

Строги мерки за кафулиња и ресторани

Бидејќи повеќето од новите пациенти се на туристички места, здравствените власти им се заканија на сопствениците на кафулињата и рестораните дека кршењето на епидемиолошките мерки ќе биде строго казнето со парични казни и затворање на просториите за три дена.

Доколку еден објект повеќе пати ги прекрши епидемиолошки мерки, тој ќр биде затворен од 15 до 30 дена, соопшти Министерството за здравство.

Во средината на април, Црна Гора започна со укинување на епидемиолошките мерки кои беа целосно либерализирани на почетокот на летната туристичка сезона. Повеќе од 100.000 туристи во моментов престојуваат во земјата, покажуваат владините податоци.