Расте бројот на загинати во поплавите во Турција, речиси 80 лица се водат како исчезнати

од Stefanija Kuzmanovska
212 прегледи

.Бројот на загинатите во катастрофалните поплави на северот на Турција вчера се искачи на најмалку 62 лица, а повеќе од тој број и понатаму се водат како исчезнати, објави турската агенција за катастрофи (АФАД).

Претходно беше објавено дека најмалку 58 луѓе го загубиле животот во поплавите во Турција.

Министерството за внатрешни работи објави дека 77 лица се водат како исчезнати, а осум лица се повредени, пренесува АП.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган во петокот областите погодени од поплавите ги прогласи за област на природна катастрофа.

Во операциите за спасување и потрага учествуваат повеќе од 4.600 луѓе.

Слични содржини