Расте бројот на жртви од рускиот напад на Одеса

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Бројот на загинатите од руските проектили кои рано утринава погодија деветкатна станбена зграда и простор за одмор во близина на украинското црноморско пристаниште Одеса се искачи на 17, а во овој напад се повредени десетици граѓани, соопштија украинските власти.

Проектилот удрил во зграда во градот Билгород-Днестар околу 1 часот по полноќ, при што загинале 14 лица, а 30 од нив се повредени, а предизвикал и пожар во соседната зграда каде има продавница, се вели во соопштението на украинскиот Министерството за вонредни ситуации, пренесува „Ројтерс“.

Портпаролот на регионалната администрација на Одеса, Серхиј Брачук, изјави за украинската државна телевизија дека е во тек спасувачка операција, бидејќи некои луѓе останале заробени по уривањето на дел од зградата.

Слични содржини