Расте интересот, нови 8429 самопопишани

од Берта Китинска
225 прегледи

Од Државниот завод за статистика информираат дека во последното деноноќие, заклучно со 23 март во 8 часот, вкупната бројка на самопопишани изнесува  130 009.

-Интересот на нашите државјани во странство за искористување на можноста да ги дадат своите податоци во процесот на попишување на дијаспората секојдневно расте. Оваа активност има извонредно значење и за Република Северна Македонија и за целата дијаспора – после многу години и секакви шпекулации со бројките на иселени државјани, конечно да имаме јасна слика каде се и колку се нашите иселеници за да може да се креираат и насочат соодветни политики за нивна поддршка и овозможување на услуги кои им се потребни од својата татковина.Самопопишувањето не е обврска – тоа е должност кон татковината и кон сопствените корени, велат од ДЗС.

Како што информираа од ДЗС, поголем одзив има во Швајцарија,  Германија и Италија, а помал во САД, и Австралија.

Пописот почна на 1 март со дијаспората. Во оваа фаза се попишуваа дипломатите и нивните семејства кои живеат надвор од земјата, лицата во казнено-поправните установи и во воспитно-поправните установи, припадниците на Армијата на РСМ и бездомните лица. Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април годинава,

Слични содржини