Растурена уште една масовна корона-забава во Белград

од Nikola Popovski
364 прегледи

Рано утрово, околу 01:30 часот, српската комуналната полиција растурила уште една масовна корона-забава на Старото сајмиште во Белград.

Повеќе од сто луѓе се собрале во хангар лоциран во склоп на една компанија, а по упадот, полицијата го испразнила просторот.

„Забавата беше организирана во импровизиран простор, во хангар. Организатор е физичко лице кое беше приведено. Откако го испразнивме хангарот, им напишавме казни на сите присутни затоа што не носеа маска“, реколИван Дивац, началник на комуналната милиција, објавија српските медиуми.

Потсетуваме, на вчерашната седница на српскиот Кризен штаб биле донесени нови мерки, па работата на угостителските објекти по 14 часот била забранета за време на викендот. Ова значи дека денес и утре ќе бидат затворени сите кафулиња, ресторани, трговски центри, обложувалници и спортски сали.

Слични содржини