Доколку некоја манекенка не знае кога е доста со провокативни фотографии, тоа дефинитивно е Емили Ратајковски. Сепак, овој пат отиде чекор подалеку па им се извини на сите следачи на социјалните мрежи поради она што можат да го видат.
„Однапред се извинувам поради апсурдната количина на содржина која ќе произлезе од ова небеско место“, напишала на Инстаграм, додека позира на Малдивите.
Задникот го „смести“ во преден план, а со описот најави дека ќе продолжи да ги „чести“ фановите со вакви изданија од рајскиот Малдиви.
Нејзината позадина и се допадна и да една друга манекенка, нејзината колешка Хајди Клум.
Ова не е прв пат Емили да споделува разголени фотографии. Неодамна на Инстаграм објави неколку фотографии во кои позира само во сако, без маичка и градник.