Рации низ Европа: Голем удар за албанската мафија

од Nikola Popovski
336 прегледи

Во неколку европски земји, вклучително и Хрватска, била разбиена мрежа на албански шверцери на кокаин, која имаше разработена шема за транспорт и препродажба на дрога во земјите на Европската унија.

Полицијата во неколку европски земји, во координација со Европол, извршила серија рации насочени кон една од најмоќните европски организации за шверц на кокаин – чии членови, според соопштението на Европол, биле „луѓе што зборуваат албански јазик“. Уапсени се вкупно 45 лица, кои се означени како членови на една од најсилните дилерски мрежи во Европа, а меѓу нив се и водачите на овој нарко клан.

Рациите биле извршени во Белгија, Шпанија, каде беа претресени 80 локации. Тие увезувале кокаин од Латинска Америка преку различни европски пристаништа, а користеле бродови, автомобили, авиони и камиони за шверц и понатамошна дистрибуција. Шпанија е нивниот центар за дистрибуција на дрога низ Европа, а осомничени се и за перење пари во различни европски земји.

Во полицијата во соработка со обвинителите учествувале околу 600 полицајци. Рации билеизвршени и во Хрватска, Германија, Италија и Холандија. Европол формираше „чадор“ за дејствување на локалната полиција и од таа организација ги координираа акциите, но и собирањето докази и размената на информации.

Во Белгија е запленето поголемо количество кокаин, како и хемикалии користени за подготовка на дрогата за продажба, соопшти Еуропол. Изминативе години имаше повеќе заплени на големо количество кокаин за кое се претпоставува дека и припаѓа на оваа криминална организација.

Слични содржини