Разбиен меѓународен синџир за шверц на дрога, уапсени 23 лица

од Stefanija Kuzmanovska
375 прегледи

Во координирана европска операција беше разбиен меѓународен синџир за шверц на дрога кој се протегал низ целиот континент, од Шпанија и Холандија до Ирска и Норвешка.

Уапсени се 23 лица, а запленети се 440.000 евра во кеш, 323 килограми марихуана, 71 килограм хашиш и 300 грама кокаин, пренесува порталот EuroWeekly.

Дополнително, одземено е огнено оружје, 19 возила и разновидна компјутерска опрема, пишува порталот.

Слични содржини