Разбиена голема педофилска мрежа: Уапсени 55 лица, меѓу кои и свештеник, учител и болничар

од Milan1
38 прегледи

Оваа операција влече корени во летото минатата година, кога инспекторите идентификуваа и уапсија група педофили кои не само што споделуваа материјали за сексуална злоупотреба на деца на Телеграм, туку и самите учествуваа во злоставувањето.

Франција ја погоди шокантното откритие на педофилска мрежа која функционирала преку апликацијата Телеграм, а по десет месеци интензивна истрага полицијата уапсила дури 55 мажи од различни делови на земјата.

Операцијата ја водела Француската канцеларија за малолетници (OFMIN), а резултатите ја шокирале јавноста, меѓу уапсените имало лица кои со години биле перцепирани како примерни граѓани: свештеник, професор по музика, болничар, па дури и мажи опишани како „добри татковци“ и дедовци. Апсењата беа извршени меѓу понеделник и четврток во дури 42 француски обвинителства.

Мажите, на возраст од 25 до 75 години, се осомничени за поседување, споделување и гледање содржини за сексуална злоупотреба на деца, вклучително и екстремно вознемирувачки материјали кои прикажуваат деца под 10-годишна возраст. Според инспекторот Квентин Беван, кој раководи со оперативниот оддел на „OFMIN“, осомничените разменувале пораки преку Телеграма со лица кои веќе биле уапсени за конкретни дела за злоупотреба на деца.

„Ова не е само случај на консумирање незаконски содржини. Некои од нив директно комуницирале со лицата кои ги извршиле овие злосторства“, предупредува Беван.

Телеграм под лупа

Телеграм, популарна апликација за шифрирана комуникација, се најде на удар на критики поради недоволната соработка со властите. Иако апликацијата е позната по заштитата на приватноста на корисниците, токму тоа ја прави атрактивна платформа за криминалните мрежи, вклучувајќи ги и педофилските.

„Телеграм останува омилена платформа на педофилските мрежи поради високото ниво на анонимност што го обезбедува“, тврди Беван. Иако властите во одредени случаи успеаја да соработуваат со платформата, напредокот, вели тој, е бавен и недоволен: „Тие едвај ги исполнуваат основните законски обврски“.

Тој предупредува дека е потребно многу построго да се регулираат платформите кои овозможуваат шифрирана комуникација, за заштитата на децата да биде приоритет, а не колатерална жртва на дигиталната приватност.

Оваа операција влече корени во летото минатата година, кога инспекторите идентификуваа и уапсија група педофили кои не само што споделуваа материјали за сексуална злоупотреба на деца на Телеграм, туку и самите учествуваа во злоставувањето. И покрај овие апсења, мрежата продолжи да се шири, покажувајќи колку е длабоко вкоренета и колку е тешко целосно да се разбие без меѓународна соработка и дигитална регулатива.

Оваа истрага не е централизирана, поради обемот на мрежата и географската дисперзија на осомничените, во процесот се вклучени дури 42 обвинителства низ Франција. Јавноста е згрозена од фактот што меѓу уапсените има и лица кои работеле со деца, или биле во непосредна близина на семејниот живот, што дополнително го зголемува чувството на недоверба и шок.

Здруженијата на родители и невладините организации за заштита на децата веќе бараат построги закони и механизми за следење на дигиталните платформи, а од Владата бараат итни мерки.

Слични содржини