Полицијата во Подгорица утрово ги разби протестите на опозицискиот Демократски фронт кој 20 дена протестора во центарот на Подгорица барајќи оставка на владата на премиерот Мило Ѓукановиќ. Протестот е разбиен утрово околу 5 часот.
Уапсени се двајца пратеници, Славен Радуловиќ и Владислав Бојовиќ, како и двајца одборници. Пратеникот Милан Кнежевиж заврши во Ургентен центар откако беше испрскан со спреј в лице. Во акцијата за разбивање на протестите учествуваше и коминалната полиција.
Според некои извори брутално е претепан и уредник на порталот ИН4С.
-„Фрлен е солзавец. Има доста повредени и приведени. За време на судирот, еден припадник на противпожарната единица употреби сила и го удри професорот Бранко Радуловиќ.“-известуваат медиумите.
Силни полициски сили од утрово го обезбедуваат центарот на Подгорица, а шаторите и бината се тргнати од булеварот спроти црногорскиот парламент, каде демонстрантите протестираа 20 дена.