На 02.12.2015 година во 20.00 часот во Скопје во ГТЦ поточно во казиното „Д-Слот“, непознат сторител маскиран со фантомка на главата и вооружен со огнено оружје-пиштол, извршил разбојништво при што одзел 140.000 денари од дневниот промет, а потоа го напуштил местото на настанот.
Официјално од МВР за вчерашниот инцидент со мигрантите
На 01.12.2015 година, во 19.30 часот во Скопје на ул. „Џумајска“ непознат сторител со употреба на физичка сила извршил разбојништво над К.Т.(19) од Битола при што му го одзел паричникот со лични документи и 3.500 денари, а оштетениот бил пренесен во ГОБ „Свети Наум Охридски“ каде му се констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
На 02.12.2015 година, околу 03.00 часот во Прилеп на ул. „Тале Паша“ во домот на С.О.(41) и Е.К.(56) влегле две непознати лица кои ги испрскале со спреј солзавец и со закана со нож извршиле разбојништво одземајќи им 450 евра. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.