
На 08.02.2015 година околу 19.00 часот во Скопје, на ул.„Џон Кенеди“ во аптека “Голд Мун“, непознат сторител маскиран, со закана со пиштол извршил разбојништво над вработената при што одзел околу 8.000 денари. Се работи на пронаоѓање на сторителот.
На 07/08.02.2015 година, во Битола на ул. „Девеани“ во црквата „Св. Јован Крстител“ и црквата „Св. Јован Благослов“ непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден предмет извршил тешка кражба од каде одзел 2.000 денари, масло за јадење и оштетил две икони. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.