Разбојниците “сработија” казино и таксист, а ајдуците куќа…

од desk3
110 прегледи

полиција4

На 28.11.2015 година околу 19.30 часот во Скопје на ул.„Наум Наумовски Борче“, во автомат клуб за игри на среќа, непознато маскирано лице со закана со пиштол, извршило разбојништво над вработената. Имено сторителот и дал ќесе во кое вработената ги ставила парите (околу 51.000 денари) од дневниот промет, а потоа го напуштил местото на настанот и се упатил во непознат правец. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.

Повредените полицајци во инцидентот со мигрантите, пуштени на домашно лекување

На 28.11.2015 година околу 21.20 часот во Скопје на ул.„Ташко Караџа“ непознат сторител извршил разбојништво над П.Б.(60) од Скопје. П.Б. со такси ПМВ„Рено“ , сопственост на такси компанија , го превезувал сторителот на релација од нас.Аеродром до нас.Карпош, а потоа до нас.Автокоманда, каде што му рекол да застане со цел да земе пари. За кратко време сторителот се вратил, му дал на П.Б. 10 евра, а откако оштетениот ги извадил парите за да му врати кусур, сторителот го удрил со главата во пределот на лицето и брадата, му ги земал парите (околу 2.000 денари) и заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.

На 28.11.2015 година во периодот од 20.30 часот до 22.18 часот во Куманово на ул.„Поток Серава“, во куќата сопственост на А.А., непознат сторител извршил тешка кражба. Имено сторителот се прекачил на терасата од катот на куќата, насилно го отворил прозорот од спалната соба, влегол внатре и по извршено пребарување одзел куфер за накит во кој имало разновиден златен накит (обетки, бисери, нараквици, огрлици, прстени, часовник, сребрен накит, ланчиња) во вредност од околу 18.500 евра и 6.500 евра во разни апоени, а потоа го напуштил местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.