На 31.03.2016 година во 14.10 часот во ПС „Ѓорче Петров“, Л.Т. (32) од Скопје пријавила дека околу 13.20 часот непознато лице извршило разбојништво врз неа. Додека истата се движела со велосипед по патот кон с.Радуша била пресретната од непознатото лице, кој ја турнал на земја и почнал да ја удира со тупаници во пределот на главата. Сторителот се обидел да ја соблече, но откако не успеал во тоа и одземал мобилен телефон и побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
На 31.03.2016 година околу 20.30 часот на стариот помошен пат од с.Василево кон м.в.„Слобода“, полициски службеници спречиле обид за криумчарење мигранти. Во ПМВ „Мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од непознато лице, биле пронајдени осум мигранти, од кои шест се од Пакистан и по еден од Ирак и Либија. Шест од нив поседувале документи издадени од Р.Грција, додека двајца немале документи. Возачот на возилото успеал да побегне. По наредба Јавен обвинител, тројца мигранти се предадени во Прифатен центар во Скопје, додека останатите пет се предадени во Транзитен центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчитување на случајот.
Денеска ќе се знае дали ќе бидат одземени пасошите на осомничените од „Тврдина“
На 31.03.2016 година во 09.30 часот во ПС-Битола било пријавено дека во атар на с.Крстоар, битолско, било пронајдено починато лице. Екипа од СВР-Битола извршила увид на местот на насатнот. Од страна на доктор од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што не биле забележани видливи надворешни знаци на насилство. Исто така било утврдено дека се работи за лицето М.А. (88) од Битола. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
На 31.03.2016 година околу 18.00 часот, на делот од пругата помеѓу железничка станица Тетово и железничка станица Жеровјане, патнички воз, кој сообраќаал на релација Скопје-Кичево, удрил во трактор „Фергусон ИМТ-539“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.Ј. (73) од с.Камењане, тетовско. Во незгодата А.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и починал на местото на настанот. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово. Со согласност на Јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на фамилијата за погреб. Во периодот од 18.00 до 21.50 часот железничкиот сообраќај бил во прекин.
На 31.03.2016 година во 23.00 часот на ГП„Табановце“ , во ПМВ „Фолксваген“ со германска национални ознаки, управувано од В.К.С (30) од Германија било пронајдено лице кое било сокриено во импровизиран кревет покриен со душек и ќебиња. Се работи за лицето А.А. (20) од Сирија, со грчки документ за поднесено барање за азил. На 01.04.2016година во 02.40 часот со потврда за предавање на лица, лицата се предадени на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.
На 31.03.2016 година, Л.Н. од с. Долно Оризари, битолско, при копање во дворот од неговата куќа, пронашол една неексплодирана артилериска граната калибар 75 мм со потекло од Првата светска војна. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата е безбедно подигната.
