Ергин Атаман, селекторот на Турција, по провокациите нема да може да смета на кошаркарите на Фенербахче за настап во репрезентацијата.
Актуелниот шампион на Евролигата со Панатинаикос во еден момент од дуелот помеѓу ПАО и Фенербахче се сврте кон навивачите и покажа со прстите 3:1. Со тоа потсети на фудбалското дерби во кое Галатасарај со тој резултат го совлада големиот ривал.
Секако, навивачите тоа не го дочекаа воодушевено, а реагираше и Фенербахче.
„Целта на оваа личност е јасна, со неговиот карактер, став и стил, а она што го направи пред милиони гледачи е целосно во спротивност со неговиот идентитет како селектор на репрезентацијата. Репрезентацијата е наша репрезентација. Секој кој е дел од тимот мора да биде свесен за ситуацијата и да биде одговорен. Овој потег е големо непочитување кон нашата заедница, кон угледот на тренерот, па дури и кон нашата земја“, изјави Фенербахче.
Потоа дојде јасна порака.
„Ние го игнорираме неговото извинување. Ја информираме јавноста дека одлучивме да не испраќаме спортисти во машката репрезентација за време на неговиот мандат на оваа функција, за што се потребни квалитети како респектабилност и непристрасност!“
Атаман имаше конфликт и со навивачите на Фенербахче за време на фајналфорот.