Ќелиите во ходникот „Ц“ во Шутка се полумрачни, со димензии четири метри должина на два метра и нешто ширина. Во таа површина е и тоалетот. Во овие девет квадрати бевме сместени четворица, некогаш петмина. Да најдеш место каде ќе спие петтиот човек е вистинска уметност…
Деведесет отсто од времето што го минав во притвор во Шутка, бев во две ќелии во ходникот „Ц“.
Во „14“-ката и „19“-ката. Не знам, не се надевав на којзнае што, но условите за престој во нив се под секое човечко достоинство! Во овој дел од затворот „Скопје“ условите за престој се супстандардни. Ни Робинзон Крусо не би издржал многу. „Сликите“ од Ц-19 и Ц-14 се како разгледници од пеколот. Нив како и сé друго оттаму, никогаш не ќе можам да ги избришам од главата.
Овој „станбен кварт“ е прилично стар. Изграден е од неугледен градежен материјал, можеби во исто време кога и црквата на Кале, или е врсник со Мустафа-Пашината џамија.
„Ц“ е долг ходник по кој од левата страна се нанижани деветнаесет ќелии. Сите до една се во очајна состојба, како задушлив, темен, лепливо – валкан гулабарник, комбинација на депонија и утврдување. Полумрачни простории со димензии четири метри должина на два метра и нешто ширина. Во таа површина е и тоалетот. Во овие осум-девет квадрати главно бевме сместени четворица, а негкогаш и петмина. Да најдеш место каде ќе спие петтиот човек е вистинска уметност.
Острата реа на мувла и ароматичниот мирис на моч ви се вовлекува во носот и грлото веднаш штом ќе влезете во која било ќелија. Ве обзема одвратност…текстот е преземен од ЦИВИЛ.