190
Американскиот милијардер Eлон Маск денеска ја демантираше изјавата на основачот на Eurasia Group, Иjан Бремер дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за условите за завршување на војната во Украина.
Во објава на социјалната мрежа Твитер, Маск напиша дека со Путин разговарал само еднаш, пред околу 18 месеци.
Во објавата минатата недела, Маск ја повика Украина да остане неутрална и формално да ѝ го отстапи Крим на Русија и предложи одржување референдум под надзор на Обединетите нации за тоа дали окупираните украински територии треба да ѝ се приклучат на Русија.