Претседателите Џо Бајден и Владимир Путин денеска ќе разговараат телефонски. Информацијата ја потврдија Белата куќа и Кремљ.
Иницијативата е на американска страна. Соопштението дојде откако САД соопштија дека Русија собрала доволно војници за да започне офанзива во Украина „во секое време“.
Вашингтон ги повика американските граѓани да ја напуштат Украина во следните 48 часа. Други западни земји, вклучително и Британија, упатија слични апели до своите граѓани.
Во меѓувреме, Пентагон соопшти дека испраќа уште 3.000 војници во Полска. Тие ќе им се придружат на 1.700 американски војници кои веќе почнаа да пристигнуваат на полска територија.
Според Соединетите Држави, распоредувањето на дополнителни трупи има за цел да ги увери сојузниците на НАТО и да ја одврати можната агресија на источното крило на Алијансата.