На 15.02.2016 година околу 18.15 часот во Скопје на ул. „Втора македонска бригада“ непознато лице и пришло на К.К. (30) од зад грб и со употреба на физичка сила од џеповите и одзело 1500 денари и три метадонски терапии по што се упатило во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
На 15.02.2016 година во 21.20 часот во ПС-Матејче било пријавено дека во с.Ропаљце, во куќата на К.И. (74), две непознати маскирани лица, вооружени со пиштол, извршиле разбојништво над истиот. Сторителите на К.И. му одзеле мобилен телефон. Увид извршила увидна екипа на СВР-Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Гореше фасадата на зградата на ЕВН
На 15.02.2016година во 13.20 часот во СВР-Куманово В.И. (51) од с.Слупчане, кумановско, пријавил дека околу 12.15 часот во продавница за теписи во Куманово забележал непознато лице како го сече конецот со кој биле врзани јоргани ставени на скалите пред продавницата. В.И. од зад грб го фатил сторителот за врат. Потоа истиот се свртел и со ножот го повредил В.И. во пределот на левата рака и почнал да дава отпор. Со помош на вработената сторителот бил совладен, а потоа повикале полиција.
На 15.02.2016 година околу 22.00 часот во с.Слупчане, кумановско, Н.М. (32) со сериозна закана ги малтретирал останатите членови во семејството. Истиот барал пари во куќата и се заканувал дека доколку не му дадат пари истиот ќе ја запали куќата. Н.М. почнал да крши внатре, а откако му дале 100 евра се заканил на мајка си дека ако татко му не пушти пари преку „Вестерн Унион“ истиот ќе ја запали куќата. Настанот во полиција го пријавила неговата сестра С.М. Полициски службеници излегле на местото на настанот по што истиот е приведен во полициска станица и ќе биде задржан се до целосно расчистување на случајот.
