РАЗЛИЧНИ МИСЛЕЊА ЗА МАРИХУАНАТА: Повеќето Германци не пробале марихуана, половина не ја сакаат во кафеани

од Vladimir Zorba

Секој втор германски државјанин не сака мирисот на марихуана да се шири во кафулињата и рестораните. На прашањето како рестораните треба да се определат според неодамна легализираната дрога, 48 отсто одговориле во истражувањето дека не треба да го дозволат тоа во нивните објекти, пренесува германската новинска агенција (dpa).

14 проценти рекле дека канабис може да се пуши само во некои барови. Истражувањето е спроведено за агенцијата dpa од Институтот YouGov.

Марихуаната на терасите на рестораните, кафулињата и пабовите е прифатлива за 17 проценти. Беше речено и дека сопствениците треба да го дозволат тоа доколку дозволуваат пушење цигари.

Кај граѓаните над 55 години, 59 отсто од нив, преовладува мислењето дека канабисот воопшто не треба да се дозволува во угостителството. Од друга страна, 33 отсто од младите до 24 години го делат тоа мислење. Нема значајна разлика меѓу мажите и жените во двете возрасни групи.

Канабисот е легализиран во Германија од 1 април. Луѓето можат да го одгледуваат, поседуваат и да го консумираат во одредени количини. Германското здружение на хотелиери и ресторани (Дехога) нагласува дека може да биде забрането уживање во марихуана во просториите – внатре, во градините или на други места. Сопствениците треба да го уредат според нивниот куќен ред.

Германската влада нагласи дека преку легализација сака да го потисне црниот пазар на дрога и да го намали ризикот по здравјето. Во анкетата 31 отсто рекле дека не веруваат дека ќе успеат во тоа, а 18 отсто се скептични. Една четвртина верува дека Владата ќе си ја исполни целта.

Мнозинството од испитаниците, 59 отсто од нив, никогаш не пробале марихуана. Редовно консумираат два отсто, а често и пет отсто. 10 проценти одговориле „понекогаш“, а 19 проценти изјавиле дека пробале канабис „еднаш или двапати“.

Слични содржини