Разузнавачки извештај: Опасност од судири меѓу САД, Русија и Кина поради конкуренција

од Vladimir Zorba
82 прегледи

 

Конкуренцијата помеѓу САД, Кина и Русија во иднина ќе се интензивира, што создава опасност од судири, се вели во извештај на Советот за национално разузнавање на САД, пренесе ТАСС, цитирана од агенциите.20160315.qddicesrma

Извештајот за главните трендови во политиката, економијата и безбедноста во светот предвидува зајакнување на социјалните и религиозни контроверзии во светот, како и зајакнување на позициите на екстремистичките организации во Африка, Блискиот Исток и во области на Азија.Советот за национално разузнавање (СНР) служи за поврзување на врската помеѓу разузнавањето и политичката елита на САД, потсетува агенцијата.

Вработените на СНР очекуваат развојот на технологијата да создаде проблеми кои ќе влијаат врз владите и граѓаните. Тие ќе имаат тешкотии во заштитата на безбедноста на информациите, правото на приватност и на интелектуална сопственост. Поради иновации во индустријата ќе бидат изгубени и многу работни места. Извештајот на СНР се изготвува еднаш на четири години и се обезбедува на идниот претседател на САД, како се дискутира на конференцијата во Остин, Тексас. При подготовката на овој извештај директорката на групата за стратешки проценки во СНР Сузан Фрај и десет нејзини колеги посетиле од 2014 година 30 земји низ целиот свет и разговарале  за изгледите за развој со над 1800 претставници на различни социјални групи. Финалната верзија на извештајот ќе бидат објавени во периодот меѓу изборите на 8 ноември и инаугурацијата на новиот претседател на 20 јануари 2017 година.