Развиваат нов тип шпионски авиони, ќе снимаат од висина од 22 км

од desk3
96 прегледи

Американската компанија “Локхид Мартин” ја објави јавно идејата за нова генерација шпионски авион од семејството U-2 – тактички разузнавачки авион наречен TR-X.

AV

Бидејќи американските воздухопловни сили планираат да го пензионира во 2019 година U-2 Dragon Lady на “Локхид”, компанијата излегува со предлог за нова генерација такви авиони, за новинарите изјави Скот Уинстед, еден од шефовите во програмата U-2.

Од “Локхид Мартин” сеуште работат на способностите на TR-X за разузнавачки и набљудувачки мисии, кој ќе се користи во следните децении. TR-X ќе изгледа слично на U-2, со користење на предностите на моторот на “Џенерал Илектрик” F118, и ќе носат слична техничка опрема. Авионот ќе дејствува на околу 22 километри над земјината површина, додаде Уинстед, цитиран од “Дифенс њуз”.

Од “Локхид Мартин” работат на зголемување на силата и ладењето за да може да се развијат оптимално новите сензори, како и врз модерен комуникациски систем кој ќе биде во можност да се поврзе со борбените авиони од четврта и петта генерација.

Авионот ќе биде во согласност со стандардите на американските воздухопловни сили за користените технологии во него . За него во иднина може да бидат развиени и поставени и дефанзивни ласерски оружја.