Додека светските медиуми не престанат да пишуваат за нејзиниот наводен неодамнешен развод, пејачката Џенифер Лопез реши да отпатува во Италија со своите пријатели, оставајќи го дома својот расположен сопруг Бен Афлек.
Афлек е фотографиран од папараците како оди без бурма на раката и го поминува слободното време во Лос Анџелес дружејќи се со својот син Семјуел, кого го однел на возење со мотор. За тоа време Џеј Ло ужива со пријателите во Поситано, Италија, каде е фотографирана како се релаксира на јахта во светло жолт комбинезон.
„На Џени и е доста од се и навистина се труди околу бракот, но не може повеќе. Не станува ништо подобро, само се влошува. Бен е секогаш мрзлив и несреќен, едноставно е невозможно да се живее со него“, изјави извор од музичката индустрија за „Дејли Мејл“ и откри дека се откажала од својата турнеја за да го спаси бракот.
Сепак, бракот очигледно не се подобрува, а сега е предоцна за турнејата, па Џеј Ло реши деновите да ги помине во друштво на луѓе кои ќе и го подигнат расположението.
„Тоа е најпаметното нешто што можела да го направи“, „Нејзините постапки треба да ни бидат пример на сите. Таа не треба да трпи никого, дури ни сопругот“, „Уживај, кралице“, „Значи, ова е она што вели „Ќе поминувам повеќе време со семејството“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.