Бил Гејтс, ко-основачот на Мајкрософт, призна дека неговиот развод со Мелинда Гејтс по 27 години брак е нешто за што најмногу ќе зажали во неговиот живот. „Сега сум поведар“, изјавил тој за „Тајмс“.
Сепак, признал дека крајот на неговиот брак е „грешката за која најмногу жали“. Бил рекол дека имал и други неуспеси во животот, но дека разводот бил „на врвот на листата“.
„Има и други, но тие не се важни. Разводот беше мизерен за Мелинда и мене најмалку две години“, бил искрен Гејтс.
Тој и неговата поранешна сопруга останаа во добри односи по нивниот развод, иако и двајцата почнаа да излегуваат со други луѓе по разводот. „Јас и Мелинда сè уште се гледаме – имаме три деца и две внуци, така што имаме и семејни настани. На децата им оди добро. Тие имаат добри вредности“, додал тој.
Бил, исто така, признл дека неговиот брак со Мелинда го држел приземјен додека ја создавал својата технолошка компанија.
Бил и Мелинда се венчаа во 1994 година, а заедно ги имаат ќерките Џенифер и Фиби и синот Рори. Во мај 2021 година, потврдија дека се развеле откако биле разделени некое време. Мелинда информира дека разделувањето за време на пандемијата на коронавирус и помогнало да ја разјасни состојбата на нивниот брак.
„Тоа ни даде приватност да го правиме она што требаше да се направи во приватноста“, истакнала таа минатата година, додавајќи дека разводот за неа е „најздравата одлука“, но и дека тоа е „најнискиот момент“ во нејзиниот живот.
Порано имаше гласини дека Бил имал афера со вработена во Мајкрософт, а тој признал дека и „предизвикал болка“ на сопругата.
„Секако дека направив грешки и ја преземам одговорноста. Мислам дека во овој момент не е конструктивно навлегувањето во детали, но предизвикав болка и се чувствувам ужасно поради тоа“, потенцирал Гејтс.
Мелинда, сепак, претходно изјави дека еден од факторите зад нивниот развод е врската помеѓу Гејтс и Џефри Епштајн, осудениот педофил.
„Не ми се допаѓа што имаше состаноци со Џефри Епштајн, не. Тоа јасно му го кажав. Епштајн беше одвратен. Тој беше зло“, изјавила Мелинда.
Бил признал дека неговиот деловен однос со Џефри, кој почина во 2019 година, бил грешка.
По нивниот развод, и Бил и Мелинда најдоа нова љубов. Во 2023 година, Бил започна врска со Пола Хард, вдовицата на извршниот директор на „Oracle“, Марк Хард. Мелинда ја потврди врската со Филип Вогн во октомври 2024 година.