Развојна банка ја заврши 2021 година со двоцифрен раст на портфолиото и позитивни резултати

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Во услови на закрепнување на домашното стопанство од здравствената криза, и во 2021 година, Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ), како единствена развојна банка во целосна државна сопственост оствари позитивни резултати, ставајќи го притоа целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата, се вели во денешното соопштение.

„Во однос на претходната година, вкупната актива на Банката е зголемена за 21% и изнесува 16,1 милијарда денари, со соодветен раст на кредитното портфолио од 19%, на портфолиото од кредитното осигурување од 38% и на факторингот од 11%.

Оваа година, активностите на Банката беа во знакот на воведување на нови производи како царински гаранции и кредитно-гарантната шема која се реализира преку Гарантниот фонд, во име и за сметка на државата. Се изврши повлекување и пласман на првите две транши од ЕИБ 6 кредитната линија во износ од 59,1 милиони евра по исклучително поволни услови за стопанството. Во целост се реализираше третата бескаматна кредитна линија со грант компонента – ,,Ковид 3”, финансирана со средства од ЕУ преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА II програмата и Владата на РСМ, во вкупна вредност од 31 милион евра.

Банката оствари позитивен нето-финансиски резултат од 39,6 милиони денари, што е 25% зголемување во однос на остварениот резултат во 2020 година. Согласно Законот, остварената добивка се распределува во резервите на Банката со што, се зајакнува потенцијалот за понатамошна поддршка на реалниот сектор во земјата“, додаваат оттаму.

Слични содржини