120
Потпреседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Бајрам Реџепи во емисијата 24 анализа на ТВ24 рече дека исходот на денешната лидерска средба не е неочекуван. Добрата вест е што се седнало на иста маса, а лоштата е дека ставовите се уште дијаментрално спротивни.
– Во овие критични моменти треба да се се покаже мудрост и сплотеност, зошто станува збор за последната препрека на патот кон ЕУ. Поголемиот дел од тие политички теми што беа во минатото беа препрека на патот за нашиот процес се надминати и очекувам дека сите политички партии ќе имаат разбирање за иднината на нашите деца. Во минатотот имавме поделеност и се создаде слика дека има политички алтруизам. – рече Реџепи.