„Многу ни е жал што СДС нема отчет за ниту една општина каде се власт. Нема отчет ниту за Центар, ниту за Струмица, ниту за Делчево, Берово и останатите општини. Ако имаа отчет ќе можевме да се споредиме во сработеното, наместо да се служат со лаги и манипулации”, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Васко Кичевски, претседателот на градската организација на СДСМ за Скопје.
„За она што не е сработено за Град Скопје може да ѝ се обратат на Данела Арсовска на една од многуте тајни средби кои ги имаат каде и даваат поддршка. Токму нејзината неработа е главната причина за губење на поддршката од ВМРО-ДПМНЕ.
Причината зошто СДС се насочува кон Град Скопје, а не општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е поради тоа што и СДС знае дека во тие општини има сработено многу проекти.
Што се однесува за сработеното на ВМРО-ДПМНЕ тоа го потврдуваат проектите, училиштата, улиците, булеварите, градинките кои се градат, а се во износ од над 120 милиони евра“, се вели во реакцијата.